Во рибарски мрежи заплеткан висок полициски службеник

Приведен командирот на езерска полиција поради криминал со риба.

 |  Татјана Маленкова  | 
апсење пента
apsenje penta

Рано Утрово МВР го уапси комадирот во Полициска станица за граничен надзор на Охридското езеро, 40 годишниот Д. Клечкароски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.  
љупчо тодоров
Како што информираше директорот на бирото за јавна безбедност, д-р. Љупчо Тодоровски акцијата „Пента“ ,МВР ја реализираше по спроведена повеќемесечна истрага од страна на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Покрај Клечкароски Одделението за финансиски криминал до Основно јавно обвинителство кривични пријави поднесе и до  Н.Т. (23), К.Б. (44), Р.Г. (40), сите од Струга за сторени кривични дела „поттикнување“ и „незаконит риболов“ според крвичниот закон на РМ.

„Рано утрово МВР го лиши од слобода командирот на езерската полиција Дарио Клечкароски.Командирот подолго време организирал група која неовластено ловела риби и истите ги продавала во ресторани и други угостителски објекти и приватни лица.апсење пентаУтрово покрај него од слобода се лишени уште три лица од Струга и Охрид. Истите тие вршеле незаконит лов во организација на командирот. Овие активноти се превземени во опративната акција „Пента“, која МВР ја води од месец јуни годинава до денес. Акцијата ја водиме заедно со јавното обвинителство за организиран криминал“, вели директор бирото за јавна безбедност, д-р. Љупчо Тодоровски.

Според МВР, Клечкароски со искористување на својата службена положба, во својство на командир во Полициската станица за граничен надзор на  Охридско езеро, заради стекнување противправна имотна корист, во текот на годинава им овозможил на останатите пријавени континуирано вршење на незаконит риболов во водите на Охридското езеро, односно во повеќе наврати не извршил службени дејствија што морал да ги изврши согласно законските прописи и не превземал мерки за вршење на контрола во водите на Охридското Езеро.

апсење пентаИмено, од преземените мерки и активности утврден е начинот на вршење на кривичните дела и обезбедени се докази за инволвираноста на Клечкароски и потврдено е дека истиот им овозможувал на останатите пријавени лица вршење на незаконит риболов во Охридското езеро. Незаконски уловената риба била наменета за продажба во угостителските објекти лоцирани на крајбрежјето на Охридското езеро, рибарници и физички лица.

За време на истрагата, МВР  утврдила дека Д.К. континуирано остварувал контакти и средби со останатите пријавени лица при што ги известувал за полициските контроли на езерската полиција (за времето и местото) со цел да ги избегнат истите, да ги постават мрежите на места каде нема да патролира езерската полиција во конкретниот ден со цел да не бидат откриени и да не им биде запленета опремата и мрежите со кои вршеле незаконит риболов.

За ваквата „услуга“ Клечкароски од останатите пријавени лица добивал одреден износ на парични средства или дел од незаконски уловената риба. Од страна на пријавените Н.Т., К.Б. и Р.Г. незаконитиот риболов се вршел на тој начин што истите најпрво испловувале со чамци во водите на Охридското езеро, ги поставувале мрежите на одредени места, а по успешниот улов, рибата најчесто привремено ја складирале во нивните домови и понатаму незаконски ја дистрибуирале и продавале на заинтересирани купувачи.

По претходно обезбедени налози од истражен судија од Основниот Суд во Охрид, пријвените лица беа приведени,  а во текот на денот беше извршен и претрес во нивните домови, при што била пронајдена разновидна риболовна опрема и помала количина на риба.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top