Во охридско, во неколку селски водоводи има присуство на патогени бактерии

Во охридско, во неколку селски водоводи  има  присуство на патогени бактерии.

 |  Валентина Неловска  | 
voda

Присуство на бактерии во неколку селски водоводи во охридско покажале последните аналзи за испитување на кавлиетот на водата. Од Ценатрот за јавно здравје информираат дека ешерихија коли и ентерококи  има во водата за пиење во Свиништа, Завој, Куратица, Опејнца, додека во Ливоишта, Вапила и Косел нема бактерии, но водата хемиски не одговара vodaспоред Правилникот за безбедност на водата за пиење. Неисправноста доаѓа заради нехлорирањето на водата. Ова  не е  новост бидејќи подолго време анализите од Ценатрот за јавно здрвје  покажуваат неисправна вода за пиење заради присуство на патогени бактерии. 

Од Локалната  самоуправа напоменуваат дека сакале да го решат проблемот но без успех. Локалната самоуправа во неколку наврати со преставници на месните заедници и стручните служби на Проаква барале решение за проблемот. Нуделе решение да се вклучат во  системот на Проаква , но некои селски населби не сакале туку останале надвор од системот за сами да стопанисуваат со воводниот систем и резрворите кои ги изградиле со самопридонес. Сега е нејасно што сакаат жителите, вели Џамтоски.

voda„ Ние како  ЛС имаме волја и тие граѓани да ги вклучиме во системот на Проаква. Треба и од нивна страна да  покажат исто така волја за да има единствена водоводна мрежа и водоснабдителен систем и да нема  проблеми со водата за пиење. Вака кога ќе се објават анализите на Ценатарот за јавно здрвје кој се релевантни, се подига  тензија. Имавме неколку средби со претставници на  МЗ, но остана на одлуката  која треба тие да ја донесат“, вели Џамтоски.

Од 2006 до 2010 година со согласност од Месните заедници и од Советот на општина Охрид има  6 одлуки за приклучување на селски водоводни мрежи на системот на Прокава. Џамтоски ги наведува како пример одлуките со кои се решиле проблемите со одржување на водоводната мрежа во месните заедници  Долно и Горно Лакочереј, Ливоишта , Вапила, Лескоец и Љубаништа.  
   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top