Граѓаните стравуваат за здравјето на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12% од заболените се лекари. Вирусот е веќе во локална трансмисија и секој треба да се однесува како да е носител и со високо ниво на свеовесност и одговорност кон јавното здравје. Здравствените работници од Центарот з а јавно здравје упатија аплауз за совесните охриѓани кои ги почитуваат владините мерки и седат дома.
Регистриран нов случај на заболен од коронавирус во Охрид. Охриѓани стравуваат за состојбата на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12 проценти од потврдените случа на заболени со КОВИД 19 се медицински лица што е загрижувачко. Од Центарот за јавно здравје информираат дека пред два дена зеле брисеви од персоналот од ова одлденеи кое без да знае биле во контакт со заболено лице со Ковид 19.
„Вчера беа тестирани тие лица и други лица кои беа упатени од матичните лекари. Резултатите ги очекуваме и не знаме какви се. Се надевам дека министерот ќе ги објави на прес конференција. Ние остануваме посветени на ова борба и верувам ќе истраеме без поголеми последици ќе го победиме овој непријател“, вели Точков .
Од Центарот за јавно здравје препорачуваат да се остане дома и да се почитува мерката за самоизолација за да се спречи ширењето на вирусот.
„Сега вирусот е е во локална трансмисија па е ризично, секој е потенцијален носител и се препорачува да ги почитува владините мерки.Да се остане дома и да сме одговорни и совесни “, порача Точков.
Директорот на ЦЈЗ и неговите колеги упатија аплауз до сите одговорни охриѓани кои седат дома и кои совесно ги почитуваат мерките за да не се шири заразната опасна вирусна инфекција Ковид 19.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град