Во Охрид пристигнаа моторџиите Ноќни волци од славјанските зeмји

Во Охрид пристигнаа моторџиите „Ноќни волци“ од славenките зeмји.

 |  Валентина Неловска  | 

Моторџии од клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји пристигнаа во Охрид. Над 150 моторџии од повеќе земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. 20 дена ќе трае нивната мисија која почна од Нитра Словачка ,информира Томас Свинарски од Македонскиот мото клуб Ноќни волци.

„ Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто неможат да го направат тоа и другите луѓе“, кажува Свинарски.

Моторџиите ќе поминат 3500 км и добиваат во секоја земја поддршка од локалните самоуправи, градоначалниците, мото клубовите. Лого на маршутата им се словенските просветители Св. Кирил и Методиј, раскажува русинот Евгениј Страгов. Додава дека во секоја земја се подаруваат и разменуваат икони од светци.

„ Симбол на нашиот проект се Св. Кирил и Методиј. Писменоста почнува од Охрид и се шири низ славјанските земји “, напоменува Страгов.

Во моторџискиот марш учествуваа моторџии од клубови од Русија, Бугарија, Словачка, Бугарија,Србија Република Српска, Македонија. Проектот „Славјански свет“ има поддршка од руското министерство за надворешни работи и руската  Православна црква.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top