Во Охрид ќе се формира туристички сојуз

Во Охрид ќе се формира  туристички  сојуз.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

Oхрид на пат да добие  туристички сојуз.  Иницијаторите  очекуваат успешна соработка, вели Драгана Ристевска од ТА Венус травел каде што е седиштето на сојузот.  Целта е  обединување на  туристички чинители за подобра  туристичка понуда во градот.

„ Ова е со цел д ас еподобрат услугите  да нема разлики во цена , незадовони туристи , поскапи тарифи за такси превоз. Се бориме сите заедно за подобрување на квалитетот да се  задоволни гостите и повторно да доаѓаат“, вели оптимистички Ристевска.

Туристичкиот сојуз е отворен за хотелиери, туристички агенции, таксисти, бродари, туристички водичи, кластери, приватни станозидавачи и з а сите останати чинители на туиристичката понуда во Охрид.

„ Има доста заинтeресирани кои сакаат да се приклучат во ова. Имаме програма и добро е да се приклучат за да направиме подолга туристичка сеозна од оваа што ја имаме до сега од два месеци“, укажува Ристевска.  
Претседателот на здружението на туристички водичи од Охрид, Климент Наумоски, ја поддржува иницијативата за форимирање на Туристички сојуз во насока  да се подобри туристичката понуда во градот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top