Во Охрид има луѓе кои живеат во импровизирани живеалишта без греење

Во Охрид има  луѓе кои  живеат во импровизирани живеалишта  без  греење.

 |  Валентина Неловска  | 

 Во Охрид нема бездомници , но има  луѓе кои живеат во колиби или импровизирани живеалишта. Екипите на ОО Црвен крст веќе со денови интервенираaт носејќи им соодветна облека, ќебиња и храна, информира Сашо Точков.  

„ Оние кои во овој период  се во поголем ризик без соодветен дом се 7-8 лица кои се на различни локации во градот.Тие  имаат потреба од огревно дрво, живеат во импровизирани колиби без огревно дрво или било каков електричен уред“, напоменува Точков.

Од охридскиот црвен крст потенцираат дека градот има потреба од прифатен центар за лицата во социјален ризик. Во зимски услови тие луѓе ќе  бидат соодветно згрижувани за да не премрзнат, вели Точков.

„Тоа е од суштинска потреба за регионот. Секоја година зборуваме за тоа, наназад 10 години. Имавме барање пред 5-6 години до Локалната самоуправа за локација за да опремиме центар во кој ќе ги вклучиме волонтерите за да ги згрижуваат лицата да  се  искапат, облечат, нахранат. Да ги имаме под контрола лицата во социјален ризик кои нема каде да престојуваат во студените денови“, напоменува Точков.  

Во Охрид,  досега, за среќа  нема посериозни инциденти, но волонтерите на ЦК постојано се на терен и интервенираат со посети кај  лицата кои живеат во несоодветни услови. Луѓето во социјален ризик од нас не побарале дом но затоа пак најчесто бараат храна, облека и ќебиња, подвлекува Сашо Точков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top