Во процедура е постапка која се очекува да заврши оваа зима. Од напролет во месноста Корита за алпинистите ќе има нова туристичка атракција карпа од околу 400 метри должина.
Националниот парк Галичица ќе добие нова туристичка содржина за љубителите на адреналинските спортови. Наскоро на територија на паркот ќе се постави виа ферата. Станува збор за еден вид алпинистичка насока која ја изработуваат членовите на АК Патагонија од Охрид, информира Антонио Додевски претседател на клубот.
„Идејата за изработка на виа ферата дојде преку друг еден друг проект кој истотака паралелно го спроведуваме во рамките на НП Галичица. Ќе биде можеби една во моментов од најдолгите виа ферати со должина од 350 до 400 метри, се наоѓа во месноста Корита. Проектот е финансиран од Понд“.
За охридско- струшкиот регион овој проект е многу значаен покрај ферата во Вевчани која е во тек. За краток временски период ќе ги добиеме првите две виа ферати во земјава кои многу ќе значат за развојот на туризмот. Ќе има посебна атракција која ќе привлекува туристи преку виа фератите, вели Додевски. Охридските алпинисти се надеваат дека тоа во текот на зимскиот период овој проек во НП Галичица ќе биде реализиран и од напролет ќе започнат со поставување на фератата.
„Договорот за реализација на оваа ферата беше прв потпишан и затоа ја најавувавме како прва ферата во овој регион. Бидејќи станува збор за НП требаше да добиеме дозвола од Министерството за животна средина кое заедно во соработка со Националниот парк подготвуваме процедура“.
Фератите се многу популарни во Европа. Во моменот низ повеќе земји постојат неколку илјади. Најпопуларни се на Доломитите во Италија. Додевски кажува дека виа фератите ги користеле алпинистите во текот на Првата светска војна во делот помеѓу Италија и Австрија за воени цели. По Втората светска војна ги користеле локалните жители за денес да се надградуваат и да прераснат во сериозна туристичка атракција во Франција, Германија, Шпанија. Наскоро ќе има можност да бидат атракција и кај нас.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град