• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во новата одлука на совет за урбана опрема нема место за поставување тезги околу чинарот

Во новата одлука на совет за урбана опрема нема место за поставување тезги околу чинарот

Во програмата за поставување урбана опрема оваа сезона нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегашните се планирани и две нови. Наскоро ќе следува и објава на јавниот повик за поставување на маси и столици и за угостителските објекти.   

 |  Валентина Неловска  | 

Градот ја усвои програмата за поставување на урбана опрема за оваа година. Во програмата нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегшаните се планирани и две нови, напоменува општинскиот портпарол.

Нема големи промени во однос на оние како решение од минатата година. Промените се мали. Нема тезги околу чинарот туку на малиот паркинг кај некогашната Нама. Ќе има и типизирани тезги на кеј Македонија, по две-три тезги на локацијата кај сега поставеното лизгалиште и кај хотел Палас. Другите локации остануваат исти на улицата Кузман Капидан во близина на Плаошник и после мостот кај каналот Студенчишта“, кажува Џамтоски.

Нема измени ни во решенијата за поставување на урбана опрема за угостителските објекти. И понатака важат правилата за поставување на бројот на маси и столици .Инспекциските служби ќе го следат спроведувањето на одлуката и ќе спречуваат неовластеното поставување на масите и столиците.

„Ќе бидат димензионирани според површината која ја зафаќаат кафулињата посебно на градскиот плоштад Св Климент Охридски. Според нивната големина ќе имаат простор да зафатат и да постават одреден број на маси и столици“, подвлекува Џамтоски.

Општинските служби наскоро ќе го објават јавниот повик за поставување на маси и столици на кој ќе треба да се пријават угостителските објекти и трговците за поствување на тезги .

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top