Од Центарот за јавно здравје тоа го осудуваат и уверуваат дека информациите не излегуваат од нивната установа. Министерството за здравство најави брзи тестови кои сеуште ги нема во Охрид.
Епидемиолошката состојба со ковид 19 во Охрид е сложена и загрижувачка како и во целата земја. Секојдневно има двоцифрена бројка која има тенденција на зголемување, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Во јавноста кружат списоци со имиња и презимиња на граѓани со позитивен тест на корона вирусот. Објавувањето на такви списоци се кривично дело. Точков го осудува таквото протекување на информации кои кружат на социјалните мрежи и во јавноста.
„Јас одговорно тврдам дека ниту еден список, кај нас нема списоци тоа се листи кои ги прави епидемиологот. Списоците кои ги видовме не наликуваат на нашите листи и евиденција во ЦЈЗ и нити еден список не е излезен од ЦЈЗ. Посебно не по социјалните мрежи. Пријавивме во полиција пред 2 месеци и пред 2 недели, се консултиравме со надлежните да се покрене постапка и да се открие изворот“.
Министерството за здравство најави 13.000 брзи тестови, но сеуште ги нема во Охрид, вели Точков. Кога ќе ги добиеме ќе се на располагање. Со тие тестови се добива реузлатот за 15 минути, го детектираат протеинот антигенот на вирусот, но позитивниот резултат на тестот понатака треба да се потврди со соодветна ПЦР метода. Барањата, пак за тестирања на граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека биле во контакт со заболени секојдевно се во пораст.
„Министертвото за здравство за мој термин ги зголеми бројот на термини за да им излезе во престрет на матичните лекари и на граѓаните кои имаат потреба да се тестираат. Тој број е зголемен од 30 до 50 посто. Интересот кај граѓаните е голем . Важно е матичните соодветно протоколите да ги обработуваат пациентите и да нема случаи да се закажуваат термини за тестирање без симптоми“.
Притисокот за креирање упати за тестирање сега е голем врз матичните лекари, но од ЦЈЗ повикуваат лекарите да продолжат да ги лекуваат и да ги упатуваат на тестирање само пациентите кои имаат клиничка слика за ковид 19. Со упат од матичен лекар се тестираат дневно до 35 пациенти или вкупно 50 со упат од епидемилог, а резултатите се чекаат од 24 до 48 часа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град