Социјалните работници се изнендени од затишјето бидејќи претходно повиците биле зголемени. Во периодот пред прогласување на пандемијата во првите два месеци од годинава до нивниот Центар биле пријавени 40 жртви од семејно насилство.
Во екот на пандемијата со Ковид 19 нема пријави за семејно насилство во Охрид. Необично е мирна состојбата во изминатиов месец и половина. Затишјето во време кога на сила е ограничување на движењето и граѓаните се претежно во своите домови ги изненадува социјалните работници. За споредба само во првите два месеци од годинава 40 жртви пријавиле насилство во семејството, информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјална работа. Социјалните работници кои работат со жртвите се изненадени бидејќи претходно имале зголемен инетнзите на повици за пријавување на семејно насилство, вели Мусли.
„Не знам дали е ова затишје пред бура немам одговор на што се должи ова. Можеби ќе има подоцна сега засега немаме пријави,“вели Мусли.
Во изминатите месеци семејно насилство пријавувале и жртвите и околината. Во Охрид е драстично намалено и трпењето на насилство што се случува во домот пред се заради страм од околината, подвлекува Мусли.
„Сега стереотипното прашање е надминато. Посебно во Охрид во споредба со соседна Струга каде што нема воопшто пријави за семејно насилство. Охрид е еден од 3 -те градови во земјава каде што има најмногу пријави на семејно насилство“, додава Мусли.
Минатата година во Охрид биле евидентирани 200 слуачи на пријавено семејно насилство. Охрид е веднаш зад градовите Куманово и Битола каде што жртвите пријавиле претрпено насилство. Тоа беше и причината што Охрид после долго веме доби регионален шелтер центар за сместување на жртвите од околината. Во моментов во шелтерот не престојува ниту една жртва на семејно насилство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град