Во инфо центарот на НП Галичица мал е бројот на посетители

Претежно станува збор за случајни посети, а не за организирани. Работите ќе се менуваат со  обезбедените средства за ангажирање на биолог кој ќе реализира еколошка едукација која досега му недостасуваше во центарот.

 |  Валентина Неловска  | 

Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи.

„Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален капацитет на установата за активности во делот на еколошката едукација“, признава Бојаџи.

Од оваа година работите ќе се менуваат, најавува Бојаџи, за раздвижување во работата на Инфо центарот. Обезбедени се средства за ангажирање на биолог кој ќе реализира еколошка едукација која досега недостасуваше во центарот. Имаме предвид дека една од клучните работи за подобрување на ефикасноста е подигнување на персоналниот капцитет. Тоа го направивме со помош на проект на ЕУ преку УНДП за поефикасно управување со заштита на природата.

 

„Еден од младите биолози е ангажиран на реализирање на активностите од еколошката едукација. Има изработено акционен план за еколошка едукација. Во 2020, во рамките на планот за управување ќе се изготви Стратегија за еколошка едукација. Веќе, некој од активностите на еколошка едукација ќе продолжат по систематски и во 2020 и 2021 година и на овој вид активности со надеж дека ќе имаме посериозно влијание врз подигање на јавната свест врз луѓето за подобра заштита на исклучително природните вредности кои ги поседува Националниот парк,“ подвлекува Бојаџи.

Бројката на инцидентни посети и соработки со училиштата од посетите на Инфо центарот годишно се движи околу 100 до 150 поестители. Природните и пејзажните вредности заслужуваат далеку поголема бројка, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top