Во дворот на Гигерови владее предпразнична атмосфера.
Празнична пред новогодишна магија блика од домот на семејството Гигер во Охрид. Бројни лампиони, светлечки кристали, осветлени елки и неизбежните зимски реквизити Снешко, Дедо мраз со санка и еленчиња се дел од веселиот декор. Иванка и Бруно Гигер за да ја постигнат празничната атмосфера во дворот на нивната семејна куќа потрошиле 10 дена креативна работа или по 5 часа дневно. Иванка се радува на конкурсот со кој Локалната самоуправа ќе ги наградува најдобро украсените дворови на охриѓани.
„ Во Охрид почнале повеќе да се интересираат и гледам доста балкони и дворови на семејни куќи. Ми даде поголема волја да направам што е можно најдобро декорирање. Има оглас за најдобро уреден двор, иницијативата е добра и има и други добро средени дворови.“
Брачниот пар Гигер со заедничка желба, силна волја и смисла за убаво ги комбинирале и поставувале новите реквизити. Гигерови, покрај веќе постоечките украси кои со себе ги донеле од Швајцарија, сега набавуваат новогодишен декор од Охрид и Скопје.Традицијата за декорирање на семејниот двор ја стекнале од Швајацарија од каде што потекнува Бруно. Сега со сопругата Иванка, која по потекло е од Македонија, како место за живеење во пензионерските денови го избрале Охрид и тука ја продолжуваат традицијата на новогодишно декорирање.
„ Швјацарија ни недостаува , тоа е мојата таковина, но во Охрид се чувствувам многу добро. Единствено што ми недостасува е совладување на македонскиот јазик. Но, ми фали уште малку за добро да го научам.“
Во студените зимски денови силна светлина од мракот ги наговестува празничните денови, Нова Година и Божик. Покрај новогодишниот декор, со кој вредните Гигерови сакаат да внесат топла, празнична атмосефера, дополнително пријатна атмосефра внесува и фасадата од школки на дел од нивната куќа. Тие самостојно го осмислиле и изработиле, како што велат ова неповторливо дело. За фасадата од школки употребиле околу 20.000 школки собирани во текот на годините од нивните летувања на море.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град