Вмро Дпмне: И понатака се депонира градежен шут и ѓубре на Мауцкер

Директорот на Охридски комуналец вели  Мауцкер е засега единственото решение за одлагање на градежниот шут од секојдневните  градежни активности во градот.

 |  Валентина Неловска  | 

Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер.

„Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Градоначалникот Георгиески и локалната власт создаваат проблеми наместо да вложат напори за изнаоѓање на локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината“.

Директорот на Охридски комуналец вели дека Мауцкер засега е единственото решение за граѓаните да го одлагаат градежниот шут од секојденвните градежни активности во градот. Во овој момент градежниот шут се депонира на Мауцкер по принципот на депонијата Буково со зарамнување и таму сеуште има простор, вели Љупчо Грданоски.

„Локацијата за жал не е најдобро избрано решение, но со години беше локација за депонирање на градежниот шут. До овој момент ние немаме друга локација и не знам кога би имале. Се додека не добиеме друга алтернативна солуција Мауцкер ќе биде место каде што градежниот шут ќе се депонира“.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто Георгиески не бара одговорност од директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски за што се потрошени парите за дислокација на отпадот од Мауцкер. Грданоски вели дека парите во висина од 2 милиони денари не биле доделени на комуналното претпријатие туку Министерството за животна средина ги исплатило на претпријатието избрано на тендер за да изврши порамнување на 16.000 метри квадратни градежен шут и тампонирање на 7000 метри квадратни со 2500 метри кубни квалитетна земја за комуналниот отпад направен од претходното раководство на Вмро Дпмне.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top