Со пари од државата ќе се санира колекторскиот систем за да се спаси Охридското езеро од понатамошно еколошко загдување. Приоритет ќе биде санирање на пумпните станици и сервисирање на пречистетителната станица во Враништа.
Директор на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост е Владимир Алексијоски. Вака одлучил Управниот одбор по што ќе следува законска постапка за раздвојување на МЈП Проаква на три работни единици. Алексијоски напоменува дека од подолгите преговори со Владата е точно предвидено што ќе се прави со колекторскиот систем за да се санира и да се спаси Охридското езеро од понатамошно еколошко уништување. Во моментов пумпните станици се во многу лоша состојба, а меѓу општинското пертпријатие Проаква нема финансиски капацитет да го одржува системот. Сега меѓу приоритетите на раководството на новото претпријатие ќе бидат пумпните станици и сервисирањето на пречистетителната станица во Враништа.
„Првично сите критички точки каде што во моментов има излевање на фекалните води ќе бидат санирани. Ќе се снимаат тие делови и ќе се прочистуваат нечистотиите во системот со кој се намалува протокот на цевководот. Ќе се поставува цевка во цевка без копање по имотите каде што врви колекторскиот систем и ќе се сервисираат пумпните станици кои се во многу хаотична состојба. Едвај една пумпа работи на пумпната станица“ , вели Алексијоски.
Колекторскиот систем мора да функционира според законските одредби и пречистената вода која влегува во Црн Дрим да е според нормативи и стандарди, подвлекува Алексијоски. Воспоставувањето на нормална функција на системот нема да удри по џебот на граѓаните, напоменува Алексијоски.
„ Во план е дел од сметката за колекторот да се одвои. Нема да има покачување , само ќе е пресметката од новото државно јавно претпријатие , уверува Алексијоски.
Во новото јавно претпријатие во државна сопственост ќе бидат презмени сите 50-тина вработени од работната единица Колектор. Сеуште не се познати имињата на двајцата директори во охридскиот и струшкиот Водовод.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град