Врвни музичари ќе свират за роденденот на фестивалот Охридско лето

Врвни музичари  ќе свират на роденденот на Фестивалот Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
радуловиќ
радуловиќ

Српскиот виолинист со светска слава  Немања Радуловиќ настапува на вечерашното 54-то роденденско издание на Фестивалот Охридско лето.  Заедно со  Радуловиќ вечерва ќе настапуваат и францускиот гудачки квинтет „Ѓаволски трилери“ и пијанистката Лор Фавр Кан. По синоќешната генерална проба на антички театар уметниците се воодушевени од амбиентот. Денес со големо нетрпение го очекуваат вечерашниот концерт.
ох лето
„ Едвај чекаме да излеземе на сцена да свириме. Со колегите од Ѓаволски трилери и пијанистката Лор Фавр Кан , соработувцаме повеќе од 10 години. Посебно за овој настан за роденденот на Охридско лето посакуваме заедно да Ви понудиме програма која ја снимивме во Берлин и Париз за нашиот следен диск. Ова ќе биде промоција пред дискот да излезе“, открива Радуловиќ.
 
Музичкиот селектор на  Фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифоска Неделкова кажа дека Радуловиќ на фестивалот гостува по втор пат. Мината година на затварањето на фестсивалот виолинистот Радуловиќ ја освоил публикатат  со својата врва техника и  длабока емоционална изведба и  ја  подигнал публиката на нозе,  четири пати свирел на бис.  Радуловиќ  за разлика од лани кога настапи со изведба на класични дела, за ова роденденско издание  ќе изведе  посебна програма, со композиции на „АББА“, Пуњани, Крајслер, Шопен, Масне, Берио, Вивалди, Бизе, Паганини, Шостакович, Хачатурјан, Вилијамс, Кустурица, Монти. Јосифоска Неделкова  напомена дека ја продолжуваат традицијата на своите претходници на роденденот на фестивалот да гостуваат уметници кои ќе бидат запаметени од публиката и ќе влезат во аналите на историјата на фестивалот.
торта
„Со години наназад Фестивалот на 4 -ти август организира настани кои остануваат запаметени кај фестивалската публика и се запишани на страниците на историјата на фестивалот. Тоа се концерти наманети за пошироката публика со единствена цел што поголем број на  посетители да присуствуваат на овие настани и заеднички да го прославуваме роденденскиот концерт на фестивалот“, кажа Јосифоска Неделкоска.

Роденденот на Фестивалот Охридско лето беше одбележан  пригодно со родендеска песна и сечење на торта,  на плажата Куба Либре. Францускиот Гудачки квинтет ја засвири роденденската Happy Birthday.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top