Од височините на планинското село Велестово ќе одекне моќта на поетската реч по 24 –пат.
Од височините на планинското село Велестово ќе одекне моќта на поетската реч по 24 –пат. Првата вечер од Манифестацијата ќе биде посветена на македонскиот поет Раде Силјан. Академскиот сликар Васко Ташкоки ќе изложи 20 уметнички дела во Црквата Успение на Пресвета Богородица и во Домот на културата. Интернационалната вечер, пак е резервирана за поети од Албанија, БиХ и Бугарија. Во одржувањето на поетската манифестација, во пресрет на јубилејното изадние што ќе биде догодина се најавуваат и просторни измени за одржувањето на втората вечер, открива организаторот на поетската манифестација поетот Славе Ѓорго Димоски.
„ Ова е 3-4 година каде што прераснува во меѓународна манифестација, има поети од повеќе земји. Како новина сакаме да ја испитаме можноста интернационалнаат вечер да се одржи во Охрид , на соодветен простор. Првата вечер секогаш има огромен број посетители, но во втората вечер интересот опаѓа заради далечината на патот“, вели Ѓорго Димоски.
Одржувањето на Поетска ноќ во Велестово веќе има изграден имиџ како една од најзначајните и најпрепознатливите поетски манифестации во земјава финансиски е поддржана од инситуциите, но парите недостасуваат со оглед на тоа што таа поприма имиџ на интернационална манифестација за која има огромен интерес од поетите во светот.
„ Има помош од Локалната самоуправа и од Министерството за култура, но за таква реномирана маниферсација финасиите се малку. Но, како поет кој сум сраснат со зборот морам да издржам“, кажува еден од најголемите македонски поети, Славе Ѓорго Димоски.л
Поетската ноќ во Велество ќе се одржи на неповторливиот амбиент кај чешмата на сред село на 17 август, а интернационалната вечер ќе продолжи на 18 август во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град