Павел Попоски носител на советничката листа на група граѓани на последниот ден од изборната кампања кажа дека истата поминала во чесна презентација на нивната програма која е спроведлива на дело.
Павел Попоски носител на советничката листа на група граѓани на последниот ден од изборната кампања кажа дека истата поминала во чесна презентација на нивната програма која е спроведлива на дело. Доколку ја добиеме довербата на граѓаните ветуваме поинаков начин на работа на градскиот Совет, рече Попоски. Тој кажа дека ќе бидат преносители и извршители на барањата на граѓаните, ќе ја контролираат работата на градоначалникот, а ќе го променат и ликот на општинската администрација. Попоски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 38 на нивната советничка листа. При тоа се обрати и на политичките партии и на охриѓани.
„Доста се обвинувања, навреди, омаловажувања помеѓу себе. Ние бевме жртви на нечесни игри, ни се уништуваа постери, а ноќеска ни го уништија подвижниот билборд. Никого нема да обвиниме за овој гнасен чин на заплашување и притисок. Но, ги замолувам политичките партии, овие избори да поминат во коректни и демократски услови. Пред молкот им се обраќам и на граѓаните да излезат и да поддржат мојата кандидатура. Сум покажал дека знам, умеам и сакам Охрид да стане европски град, „Знаеме зошто ќе се залагаме“, порача при тоа Попоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град