Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници.
Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници. Инцидентот што се случи во Видобишта, пред нешто повеќе од една година, на Собирот на граѓани, при формирањето на урбаната заедница при избор на раководство, го прекина нејзиното формирање. Покрај оваа урбана заедница без раководство остана и Центар кон која требаше да се приклучи Долна Влашка маала. Од Локалната самоуправа тврдат дека овој недовршен процес во формирањето на урбаните заедници нема негативни последици во нивното функционирање. Комуналните потреби на граѓаните од овие две населби се влезени во програмата на општинските служби иако поранешните месни заедници не се споени во урбани заедници, нагласува општинскиот портпарол Симон Илиески. Илиески кажува дека разврска на настанатиот проблем ќе има за два месеци.
„По завршувањето на годишните одмори, од септември градоначалникот ќе свика Собир на граѓани и ќе се заврши законското формирање на овие две урбани заедници“.
Но, измените во Законот за Локална самоуправа и трансформацијата на поранешните месни заедници во урбани заедници на повидок донесоа низа слабости. Граѓаните со формирањето на урбаните заедници останаа надвор од процесите на креирање на нивниот општествен живот. ЗЕЛС, сега ќе покрене нови измени во Законот, и враќање на поранешниот статус на месните заедници, наговестува Илиески.
„Логиката не децентрализацијата на власта е да се симнува од централна на локална самоуправа до месните самоуправи. Времето покажа кога месните заедници имаа статус на правни лица беа поангажирани и дел правеа сами зафати со самопридонес на месното население или со сопстевен придоенес, беа поангажиарани во тој дел во однос на тоа кога не се правни лица“.
Со измените граѓаните тешко ги реализираат проектите кои се во нивен интерес. Сега нема форма како да спроведат некоја донација или самопридонес од месното население, вели Илиески. Тие мора како гаранција да работат со невладини организации за да реализираат некој проект кој ќе биде во нивна корист.
Во градот Охрид во моментов има 18 урбани заедници и повеќе месни заедници во руралните средини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град