• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Усвоен извештајот за работа на Собранието на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Усвоен извештајот за работа на Собранието на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Успешна 2016 година на пензионерите  од Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 

Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ја одржа 5-та седница на Собранието. Членовите на Собранието на дневен ред ја разгледуваа финансиската работа за 2016 година, напоменува претседателот на Собранието Димитар Спасески.

„ Разгледана е работата и на Клубот на Здружението. Извештајот е исто така едногласно прифатен. Прифатен е извештајот за работа на Здружението и завршната сметка за 2016 година со предлог со финансиски план за 2017 година“, информира Спасески.

Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца скоро 3 години работи со блокирана жиро сметка. Но, се прават напори преку Клубот на пензионери успешно да се работи, подвлекува Спасески.

„И покрај проблемите со блокирана сметка и оваа година ќе ни биде успешна. Изминатата 2016 година ни беше успешна на сите полиња, култура, спорт, здравствена заштита. Разговарано е со сите институции со Локалната, медицинските установи, со Сојузот на пензионери на Македонија, наши предлози има во Пиом“, набројува Спасески.

Во Здружението на Охрид и Дебрца во моментов има 9800 членови. Тие делуваат во 21 огранок на здружението на пензионери од кои 13 се во градските и 8 во руралните средини, кажува Спасески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top