Успешно завршена крводарителна акција последна за оваа година

Успешно завршена крводарителна акција последна за оваа година.

 |  Валентина Неловска  | 
акција
акција

Студентите од  факултетот за туризам и угостителство денес даруваа крв. Во неколку часовната акција беа собрани рекордни 35 крвни единици, информира Анета Јованоска од ОО на Црвен крст. На младите луѓе од оваа високо образовна институција им се приклучија и нивни колеги од информатичкиот универзитет Апостол Павле, средношколци од угостителското училиште, како и хуманисти од Лајонс клубот.

„ За среќа денес има голем број кој сакаат да подарат благородна течнсот и да спасат нечиј живот. Тука има студенти, средношколци, професори. По втор пат се Лајонсите кои се поддржувачи на оваа акција.“  
акција
Младен Божиноски и неговите колеги волонтери од ОО Црвен  крст, во рамките на крводарителната акција, ги едуцираа младите луѓе како да се заштитат од сексуално преносливите болести.

„ Истовремено делиме и перзервативи кои се основни медицински средства против заштита од несакана бременост и сексуално преносливи инфекции. Наша цел е да иницираме водење на здрав животен стил кај младите за да се заштитат себе си.

Од ОО Црвен крст информираат дека во денешната крводарителна акција биле собрани и повеќе ретки крвни групи.  Оваа акција е последна во планираниот календар на ОО ЦК  за оваа година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top