Мозикот „Сонце“ е новото уметничко дело на сликарот Никола Упевче.
Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и груб, вели авторот.“
Никола Упевче е долгогодишен конзерватор и реставратор на мозаиците на археолошките локалитети во Охрид и земјава. Се грижи за одржувањето на веќе постоечките мозаици кои ги создале анонимни уметници во далечното мината, а неговиот интерес е насочен и кон создавање на сопствени мозаици. Најновото мозаично дело „Сонце“ е исто така инспирација од нашето поднебје, но со нов уметнички пристап на авторот. Мозикот е составен од нумерички прстени, кои преставуваат штит изработен од 33 прстени од триаголници, подредени во 11 реда. Самата симболика и геометрија на мозаикот преставуваат одредена приказна, кажува Упевче.
Мозикот „Сонце“ ќе биде монтиран во месец мај, во Белград, во објект наменет за згрижување на деца со инвалидитет без родители како донација на компанијата Делта Холдинг.
Авторот наговестува во уметничкото ателје веќе работи на нови скици за нов монументален мозаик кој ќе привлече уште поголемо внимание кај јавноста.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град