Уметничко шоу под отворено небо со Баскерфест

Уметничко шоу  под отворено небо со Баскерфест.

 |  Валентина Неловска  | 
баскер
баскер

Љубителите на перформанси под отворено небо два дена ќе уживаат во  уличниот театар Баскерфест. Голтачи на пламен, музичари,  танцувачи, жонглери и останати уметници ќе ги покажат своите вештини и ќе ги анимираат посетителите. Ваков вид на забава  два дена ќе има на  на трите охридски плоштади како дел од уличниот театар Баскерфест.   Охриѓани и гостите  ќе имаат можност да ги проследат случувањата во сабота и недела од 19 часот па се доцните  вечерни часови.

баскерфестОрганизаторите на Баскерфест 2014 , за овој викенд во Охрид ветуваат добра забава со интересни и разновидни уметнички содржини. Артистите се расположени да претстават нешто ново и да пренесат интересно искуство кое досега недостасувало овде. Како атракција го најавуваат самба бендот „Барбароса“. Со дел од учесниците се сретна и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Градоченаликот ги повика  граѓаните и гостите да се подготват за ова несекојдневно аудио и визуелно уметничко шоу кое ќе ги воодушеви и во кое ќе имаат можност да уживаат.

„ Уличните фестивали се своевидна културна атракција во повеќе земји во светот. Од тие причини и локалната самоуправа сметаше дека е добро да им даде подршка на уметниците од овој фестивал со што Охрид ќе се вброи во листата на градови каде што овие улични фестивали се традиција“, истакна Бакрачески.
музичари
Дел од големиот број  уметници на „Баскерфест“ се  швеѓанецот Еугенио Џед Мартинез, гркот Андонис Пасвантис Дева  и бразилецот кој живее во Барселона Диего Алврез. Мартинез свири на тапани и и гитара, а ќе изведе бројни композиции од фламенко музика, рок музика, електронска музика, а Пасвантис е актер, жонглер и  танцувач со оган.

„ Ова е втор пат, лани бев тука. Сакаме да настапуваме  да споделуваме забава и уметност , д а ги зближуваме луѓето и земјите, да нема граници за уметноста. Да научиме нешто и секако да поминеме заедно убаво време“, порача Андонис Пасвантис.

150 улични артисти, музичари и актери за прв пат ќе настапуваат  во Охрид. Градот  за прв пат се вклучува во меѓународниот уличен фестивал. Во светот ваквите  улични  фестивали се значајна културна атракција во многу земји. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top