Одложениот почеток на школската година им дава време на училиштата да се подготват за безбедно организирање на наставата со физичко присуство за децата од 1 до 3 одделение.
На почетокот од новата школска година останаа празни училишните клупи. Во услови на пандемија од Ковид 19 училиштата во државава ќе ги отворат вратите за учениците на први октомври. Школите ги чекаат од МОН плановите за работа во наставниот процес. Меѓу нив е ОУ Григор Прличев, во кое за прв пат во училишните клупи, треба да седнат и 120 првачиња во централното и поддрачното училиште во Рача. Додека се огласи школското ѕвоно течат подготовките за безбеден престој на ученциет до 3-то одделение кои треба да следат настава со физичко присуство. Школото има набавено дезинфекциски средаства , а и заштитните маски за првачињата ќе бидат подарок од училиштето, информира директорот Ивана Маховска Шиколска, за тоа како течат подготовките во нивното школо во времена на пандемијата.
„Од МОН немаме добиено сеуште официјален план како ќе се се спроведува наставата. Постојано сме во контакт со нив и со секторот з а образование при ЛС, ги разгледуавме сите можности и комбинации како би се изведувала наставата. Станува збор за големо учлиште со две училишни згради и поддрачно училиште. Формирни се тимови кои работат на техничка, образовна и организациска поддршка. Факт е дека се соочуваме со проблеми најчесто се од тип на техничка поддршка, но ќе се решаваат во координација со Министерството “.
Владата ги објави усвоените протоколи за одвивање настава со физичко присуство. Протоколите се изводливи , но е потребно поголемо внимавање и поброен технички персонал. Во време на пандемија и наставниците ќе бидат вклучени во одржување на хигиента на училиштата, а очекуваме и огромна соработка од родителите, вели директорката Маховска. Според протоколите треба да има до 20 ученици со физички присуство на раздалеченост од 1,5 метар. Во овој дел се соочуваме со мал проблем бидејќи нашите училници не се толку големи па ќе мора да се делат паралелките, додава директорката на ОУ Григор Прличев.
„Планот го чекаме , известувањето. Протоколите се во поглед на одржување дистанца и хигиена таквите протоколи ги имаме. На почетокот беа нацрт и се во доработка ама планот сеуште не сме го добиле. Како ќе се одржуваат часовите, дали часовите ќе се во смени, дали ќе се скратени часовите, дали ќе е комбинирана наставата , очекуваме напатствија“.
Во изработка е националната платформа за одржување on -line настава. Но, во ОУ Григор Прличев имаат план Б. Во соработка со наставниците по информатика и со тимот з а техничка поддршка се разгледува можност и за други платформи кои би биле блиски до учениците, вели Махоска Шикалоска.
Во општина Охрид, во учебната 2020/2021 година, во прво одделение во основните училишта се запишани 480 ученици. Вкупниот број на ученици од прво до деветто одделение во основните училишта изнесува 4572. Во средните училишта во прва година се запишани 512 ученици. Вкупниот број на ученици од прва до четврта година во средните училишта изнесува 2055 ученици.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град