• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Тројца членови на фото Клуб Охрид добитници на златна и сребрени плакети на фото натпревар

Тројца членови на фото Клуб Охрид добитници на златна и сребрени плакети на фото натпревар

 Тројца членови на фото Клуб Охрид добитници на златна и сребрени плакети на фото натпревар.

 |  Валентина Неловска  | 

Филис  Ајруш, Ѓоко Симјаноски,  и Димче Коруноски  се добитници на златна и сребрени плакети за фотографија. Тие преку фото клубот Охрид учествуваа на конкурс  кој го распиша проктот Watеrnet на тема води, како прекураничен проект со средства од Ипа фондот. Фотографиите ги испратиле во месец март и пред два дена дознале за резултатите од наградниот конкурс.

„Градот на светлината“ е фотографијата со која Филис Ајруш учествувала на наградниот конкурс и доби златна плакета. Ајруш е 4 години член на фотоклубот Охрид и се стекна со пофалба како врвен уметник за фотографија. Таа наградата ја доживува како голем личен достиг, како достиг на фото клубот и градот Охрид во една силна меѓународна конкуренција.


„Оваа фотографија е сликана наспроти најпрепознатливиот пејзаж на Охрид и ноќната фотографија ми ја претставува светлината на Охрид , како грсд на светлината и одсликувањето на светлоста на водата, го покажува животот и движењето и најглавните работи за Охрид,“ – истакна Ајруш.

 

Димче Коруноски е добитник на сребрена плакета  за фотографијата „Игра на сенки“, и е задоволен од  добиената награда.
   
„Секој се радува на награда. Тоа е верификација на она што го работиме со љубов и желба . Потврда е дека она што го работиме на било залудно сработено“, кажа Коруноски.

Ѓоко  Симјаноски  е исто така  вљубеник во уметничката фотографија. На конкурсот ја доби сребрената плакета за фотографијата „Бран“. Симјаноски вели „пријатно сум изненаден што во меѓународни рамки  добив потврда за  вложениот труд за  моето омилено хоби“.


Со  сребрена плакета се  закити и гркот Христос Јанис од Воден. Тој на  конкурсот на Waternet проектот  учествувал со фотографија насловена како  „Сино  езеро“.  „Езерцето  е на планината Вермео на 30 км од Одеса. Тоа е планинско, мало езеро  во шума со водопади“, задоволно појаснува детали за сликата,  Јанис.  
Оценувањето на пристигнатите фотографии на меѓународниот конкурс  распишан од Waternet  проектот билo  од профресионални фотографи  од Грција.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top