Причина административни препреки во програмата за Рибарство и Аквакултура и законот за јавни набавки за ангажирање на рибари. Научните работници од заводот предлагале решенија преку ресорното министерство, но тие никако да стигнат до Владата.
Охридската пастрмка е во се поголема опасност од истребување. Се повеќе се влошува нејзиниот и онака загрозен статус, предупредуваат од ЈНУ „Хидробилошки завод“ – Охрид. Три години по ред, од 2019, 2020 и 2021 година нема вештачки мрест на ендемичниот вид риба во Хидробилошкиот завод, информира м-р Зоран Спиркоски од одделението за практично рибарство и аквакултура. Спиркоски вели дека е жално административни пречки да се причина да се загрози опстанокот на пастрмката како ендемичен вид.
„Ваквиот недостаток на порибување 3 години неминовно ќе значи влошување на нејзиниот загрозен статус, промена на нејзината структура и промена на целиот езерски жив еко систем. На тој начин се врши огромна деградација на системот бидејќи сме отценети негативно за многу работи од УНЕСКО во однос на заштитата. Тука спаѓа и заштитата на рибниот фонд. Прво езерото е прогласено за заштитено подрачје под Унеско, а потоа градот“.
Админстративната препрека е во Програмата за Рибарство и Аквакултура. Таа се носи на крајот или на почетокот од новата година и не се поклопува со тајмингот на законската процедура во законот за јавни набавки за ангажирање на рибари, која трае 70 дена, а мрестот стартува на 20 јануари, вели Спиркоски. Покрај оваа препрека како втора причина се наведува и неповолната хидролошка состојба со Билјанини извори. Водата е со влошен квалитет и намалена количина потребна за нивното мрестилиште. Од ЈНУ Хидробилошки завод предлагале излез од ваквата ситуација до ресорното министерство.
„Нашата институција има доставени целосни предлози и решенија за да се разрешат проблемите преку министерството за земјоделие, шумарство и водостопансто до Влада, но сеуште нема одговор на тоа. За жал се добива впечаток дека на некои структури тоа им одговара“.
Во Хидробиолошкиот Институт, кој е основан во 1935 година, прекин на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка претходно имало единствено во далечната 1942 и во 1998 година и за жал во последниве три години 2019, 2020 и 2021 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град