Тивко умира Охридскиот чинар

Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот.

 |  Валентина Неловска  | 
cinar
cinar

Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено од Св Климент Охридски и е старо 1100 години. Чинарот важи за едно од најфотографираните места во Охрид. Туристичкиот водич, Стефан Каневче укажува на реакцијата на туристите од странските групи со кои секојдневно закажува средби токму под неговите крошни. Туристите се збунети од информацијата за неговата старост која е погрешно наведена на информативната табла и од она што им го презентираат туристичките водичи, вели Каневче.Тие се збунети и не знаат кому да му веруваат за староста, а се чудат и на нашата негрижа кон него.

cinarОвде ние собиралиште, се најдуваме, тргнуваме и се враќаме.Она што паѓа во очи го сликаат како изумира дрвото и реагираат да се заштити најстарото дрво, во Европа, па можеби и во светот“, нагласува Стефан Каневче.

Додека странските гости преку фотоапарат го забележуваат нашиот страм со негрижата кон најстарото дрво со кое се гордееме, од институциите ветуваат брза санација. Општина Охрид во буџетот за 2012 година одвои средства во висина од 200.000 денари за трите чинари во градот.

Во тек е постапка за санција на Чинарот, информираат стручните лица од одделението за животна средина при Локалната самоуправа. Тие заедно со експертите од Министерството за животна средина ќе пристапат кон заштита на дрвото. Ветуваат дека постапката ќе започне за 10 -тина дена.

Стручните лица објаснуваат дека под санација на чинарот се подразбира чистење на иструлениот дел на стеблото, употреба на заштитни премази и затварање на појавените шуплини. За идната година е планирана и санација на двата чинари во Кошишта и Воска, кои исто така се во лоша состојба, потенцираат инжинерите по хортикултура.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top