Тилевски: Застанувам со визија и сила да одиме напред во нови победи

Вмро дпмне   и коалицијата ја почнаа  изборната кампања за локалните избори од  Охрид.„Застанувам со визија и сила да одиме напред во нови победи, им порача Митко Тилевски кандидатот за градоначалник на Охрид, од Вмро Дпмне и Коалицијата на  охриѓани и  присутните од караванот на изборната кампања за локалните избори.  

 |  Валентина Неловска  | 

 Влегувам во оваа трка со чисто срце и душа , а како иден градоначалник најсовесно ќе ја извршувам својата одговорност и должност кон граѓаните , кон сите Вас, истакна Митко Тилевски  кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне и Коалицијата, пред   охриѓани и  присутните од караванот на изборната кампања за локалните избори.

„ Имам визија и мисија како Охрид да продолжи со нови проекти и да го усоврши вистинскиот европски лик. Околу мене има тим соевтници фокажани восвојат фела полни сознаење и вистинска љубов кон Охрид и охриѓани. Веуверувам дека како граѓанска, демохристијанска партија, десничарска опција секогаш наша цел е остварување на програмските процеси во Охрид и Македонија“, кажа во своето обраќање Тилевски.

Никола Груевски , претседателот на ВМРО ДПНМЕ му се заблагодари на досегашниот градоначалник Никола Бакрачески за реализраните проекти и за неговата успешна работа во изминатиот 4 годишен мандат. Пред присутнмите потсети на реализираните проекти и новите предизвици на идниот кандидат во следните 4 години.

„ Д-р Митко Тилевски , ваш угледен и почитуван сограѓанин. Познат лекар, педијатар, поранешен народен пратеник, чесен и работлив човек, борец , за се што ќе се зафати. Свесен за проблемите на Охрид и предизвиците кои доаѓаат. Полн со енергија и жар, со големо животно и професионално искуство, со идеи и чиста мисла и подготвеност да работи за напредок на Охрид и охриѓани“, истакна Груевски претседателот на Вмро Дпмне.

Беа преставени носителот на советничката листа и кандидатите за советници на општинскиот совет. Пред присутните се обрати Кирил Пецаков носител на листата на Вмро Дпмне и коалицијата. Тој истакна дека чувствува одговорност со добиената доверба да биде носител на советничката листа за да ги реалзира идите на граѓаните.

„ Довербата за мене е поттик и можност потпирајќи се на принципите на чесност , доверба и посветеност. Благодарам до сите кои ја препознаа мојата решителност и ангажираност во остварување на целите и програмите на ВМРО ДПЕМЕ“, кажа пред присутните Пецаков.

Со изборната кмпања  пред присутните беа претставени бројни инфраструктурни проекти, реконструкција на Кејот и двата плоштадите, подбрување на економското живеење и туристички развој на Охрид во програмските активности во следните 4 години .  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top