Екологија

„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии

Граѓаните ги мапираат црните точки каде се трупа отпад. Апели не помагаат, потребен е засилен инспекциски надзор и казни.
 |  инфодеск  | 
градежен шут мини депонија
Велестово отпад

Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.
Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.
Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.
На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.
Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица Втора. Сето ова зборува за исклучително ниската еколошка свест на населението. Третата локација , за која добивме дојава од граѓаните дека има нелегална депонија беше кај Трафостаницата во Охрид. Овде забележавме дека екипите на ЈП Охридски Комуналец неодамна интервенирале. Но загрижува тоа што на веќе исчистената локација, некој несовесен одложил градежен шут.

  • отпад депонии охридско


Градоначалникот Пецаков вети чист Охрид и справување со депониите во регионот. Може да се забележи дека секојдневно комуналните екипи расчистуваат нестандардни депонии. Според нивните податоци до денес отстранети се вкупно 167 депонии во Охрид и охридските села. Некои критични еколошки точки се исчистени дури и по три пати, но повторно се трупа отпад.
За надминување на проблемот со дивите депонии кои за жал никнуваат на многу локациии потребни се повисоки казни, пишуваат граѓаните во Рубриката Ти си твојот град.
За да може да се откриваат сторители кои несовесно одлагаат отпад потребен е видео надзор на критичните места, неопходни се и еколошки кампањи за подигнување на свеста кај населението и повеќе контроли од страна на инспекторите за животна средина, предлагаат граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top