На 06.03.2022 година во 01.20 часот, во угостителски објект лоциран на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање, а потоа пред објектот, со физичка пресметка помеѓу И.С, С.К., С.К., и М.Џ., сите од Охрид од една и неколку други лица, од друга страна. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расветлување на настанот.
На 05.03.2022 година околу 15 часот, во СВР Охрид приведен е Н.С.(38) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници пронајдоа повеќе прооизводи што тој претходно ги одзел од продажен објект лоциран на булеварот „АСНОМ” во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град