Свечено отворенa Гимназијадата 2014

Свечено отворенa Гимназијадата 2014.

 |  Валентина Неловска  | 
Gimnazijada
Gimnazijada

 Свечено отворенa Гимназијадата 2014. Охрид е домаќин на  8-те спортски игри на средношколците од земјава. Спортските натпревари  започнаа под мотото „Учениците сакаат спорт, овозможете им го тоа“. Талентираните спортисти од средните училишта во престојните денови  имаат можност да ги одмерат своите сили во ракомет, фудбал, одбојка, атлетика. На свеченото отварање пред присутните се обратија секретарот на Локалната самоуправа Димитар  Спаески и претставникот од  Агенцијата за млади и спорт Марјан Давитков.  Давитков упати порака до  спортистите на ова натпреаврување да бидат максимално посветни на играта и на своите тимови. Посочи дека Агенцијата секогаш ги вреднувала вистинските вредности и го покажувала патот на идните спортски генерации.
Гимназијада
„ Со факулетот за физичка култура го реализраме проектот за постојано усовршување на наставниот кадар за подобрување на педагошките вештини. Со вложување  во спортот и спортската инфрстаруктура овозможуваме максимални услови за развој на спортот во сите сегменти. Со стипендирање на 500 млади спортисти даваме на знаење дека веруваме во нив и инвестираме во нивната иднина“, рече Давитков.

Игрите ги прогласи за отворени  секретарот  на општина Охрид Димитар Спасески. Направивме се за да ви овозможиме  да се натпреварувате и да другарувате во Охрид, кажа Спасески.

„ Вие ќе го почуствувате тоа, а ние ќе се радуваме кога ќе Гимназијадаучествувате на големи домашни и меѓународни спортски  натпревари. Наша задача е од рана возраст на децата да им обезбедуваме услови да спортуваат и недвосмислено да го поддржуваме училишниот спорт“, порача Спасески.

Игрите  беа свечено отворени со подигање на знамето од страна на врвни охридски спортисти предводени од охридскиот, спортски доајен Проф. Миле Христоски. Домаќините изведоа спектакуларно отварање на игрите. Младите  велосипедисти  Јован Јовановски и Кристијан Митерски изведоа акробации со велосипеди, а каратистките од клубот Чоле исто така покажаа беспрекорна ката.  Имаше музички точки од клубот Соната ,  а настапи и гимназискиот хор.

Отварањето на спортските игри беше крунисано со впечатлив огномет.  

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top