Судската администрација во Основниот суд Охрид штрајкува со колегите од земјата

Судската администрација во Основниот суд Охрид  штрајкува со колегите од земјата.

 |  Валентина Неловска  | 
sud

Судската администрација од Основниот суд Охрид се приклучи кон штрајот на колегите од земјата. Тие бараат измена на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници за 35 проценти, исплата на ветените 5 проценти за sud2015 , враќање на работното време од 7.30 мин до  15.30 мин, информира Борче Мирчески, претседател на Здружението на судска администарција на РМ.

 

„ Од денес судската администарција до петок во сите судови штрајкува. Денес и утре штрајкот ќе биде во судовите , а во петок ќе биде со протест во Скопје,ќе почне пред парламентот, министерството за правда, министерството за информатичко општество, и ќе заврши пред Влада на РМ“, посочува Мирчески.

 

 

 

sudВо охридскиот суд штрајкот тече без проблеми и притисоци, а кон  барањата им се приклучени над  95 посто  од судските службеници. Во охридскиот суд има 80 службеници,а се спроведува програмата за штрајк. Се извршуваат  нееодложните и итни работи во судот , посочува   Борче Мирчески, претседател на Здружението на судска администарција на РМ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top