• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Струшката фирма „Летница- Белвица“ и официјално е новиот концесионер на Охридското езеро

Струшката фирма „Летница- Белвица“ и официјално е новиот концесионер на Охридското езеро

Во следните 6 години тие ќе стопанисуваат со рибниот фонд. Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја избра оваа фирма од 7-те пријавени на јавниот повик, од кои една фирма од пријавените ја обжали концесијата и поведе правна постапка, која е завршена, изјави од Охрид ресорениот министер, Трајан Димковски.

 |  Валентина Неловска  | 

„Подобро е да има концесионер кој ќе воведе ред. Инспекторите ќе имаат контрола. Ќе излезат на терен ќе направат увид.  Од  информациите кои ги имаме некои мрежи се запленети и инспекторите  ќе имаат кого да повикаат. Кога немавме концесионер имаваме полоша состојба. Никој  не стопанисуваше и рибокрадството  имаше послободен простор. Сега знаеме каде да интервенираме, кого да пријавиме. Од Институтот Хидробиолошлошки подготвуваат програма за порибување. Ако немаше концесија не можевме да имаме порибување“ ,кажа министерот  Трајан Димковски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top