Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца.
Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца. Владините министри се сретнаа со вознемиреното население од Белчишта и Велмеј, кои пред два дена ги погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер со епицентар во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз објектите, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца.
Министерот за Финансии Зоран Ставрески оствaри средба и со градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. На средбата со населението Ставрески вети владина помош за оштетните домови од земјотресот за жителите од Дебрца.
„Тука сме да видиме колкави и какви се штетите. Ќе се направи проценка, а Владата ќе им помогне на луѓето како и секогаш во вакви елементарни непогоди за да ги обноват своите домови и да продолжат да живеат нормално“, рече при посетата Ставрески.
Градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски истакна дека Комисијата која треба да ја направи проценката за штетата е веќе формирана, а состојбите ќе се разгледуваатвеќе в понеделник.
„Ние како Локална самоуправа презедовме мерки и в понедлник ќе имаме седница. Комисијата е формирана од Советот, луѓето се на терен за да видат која е штетата, а во соработка со Владата ќе се санираат домовите на луѓето“, потенцира Којчиноски.
Покрај материјалната штета во Белчишта и Велмеј, пријави за штети има и во селата Лешани, Злести, Слатино, Турје, Мраморец. Во Белчишата се пријaвени 20 оштетени куќи од кои 3 се во катастрофална состојба, а пријави од другите села се очекуваат в понеделник, истакна градоначалникот Којчиноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град