Старото кино станува руина

Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина.

 |  Валентина Неловска  | 
kino
kino

Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар.kino Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на другата страна на улицата.

Побаравме одговор од надлежните инститиции како да се врати достоинството на првото градско кино, кое за многу граѓани од Охрид има културна и историска вредност.

Од општинскиот инспекторат информираат дека веднаш ќе реагираат до седумте сопственици, кои со процесот на денационализција ја вратија сопственоста врз киното. Инспекторите ќе им врачат решенија на сопствениците со кои ќе мора да преземат мерки за објектот да не преставува опасност за граѓаните.balkon

Портпаролот на Локалната самоуправа Симон Илиески, пак, кажува дека според постоечкиот Детален урбанистички план објектот не смее да се пренаменува. Предвиден е објект со ист габарит како постоечкиот со приземје, галерија и поткровје. Објектот досега не е ставен под заштита на државата, но од Завод и Музеј размислуваат и за таа можност.

Инаку, зградата на првото кино „Охридско езеро“ е изградена во далечнаат 1924 година. Првичната намена била сала за свадби во која свиреле познатите охридски музичари, Садиловци. Од 1926 година па се до раните 80 години објектот бил кино сала, а кино апартаурата била набавена од Австрија. Киното во Охрид го изградил Миле Мартиноски Петкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top