Стагнира интересот кај младите за спортскиот велосипедизам

Стагнира интересот кај младите за спортскиот велосипедизам .

 |  Валентина Неловска  | 

Охридско – струшкиот регион станува се поинтересен за планинскиот велосипедизам. Се повеќе велосипедисти се одлучуваат да возат низ планинските предели и на струшкиот дел, низ дебрца и охридско . Од Велосипедскиот Клуб Екодром настојуваат да се обележат и патеки околу езерото. Тие неодамна аплицирале со проект , за кој веруваат дека ќе им биде одобрен да се користат патеките околу езерото како заштитено подрачје под Унеско, а е насловен како Unesкo bike friendly area , информира Александар Јованоски претседател на ВК Екодром.

„ НП Галичица е прв пример со обележани патеки од 380 км низ пределите кои ги користат и планинарите и велосипедистите. Има патеки кои се користат на струшката страна и во Дебрца. Обележување на велосипедските патеки во планина, а се стремиме и кон проектот кој го споменавме да се користат патеки во заштитеното подрачје под Унеско“, вели Јованоски.

Не е во подем само спортскиот планински велосипедизам туку расте бројот и на граѓаните кои секојдневно користат велосипеди како превозно средство. Најчесто тоа го прават од економски причини или од недостиг на места за паркирање во градот. Засега, велосипедистите се без можност да користат поголрм број на означени велосипедски патеки на охридските улици освен на постоечите патеки на Димитар Влахов, Македонски просветители и на Булевар Туристичка. Засега нема ништо од најавениот проект велосипедска патека за секоја охридска улица заложба на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, но и на Локалната самоуправа, вели Јованоски .

„ Општина Охрид има проект изготвен со Сообраќајниот факултет од Битола секоја улица да добие велосипедска патека, но проекот е пообемен и бара големи инфраструктурни зафати на улиците , а на некои тоа и не е можно. И како инвестиција ќе чини големи средства па не знам дали за брзо време ќе се реализира проектот“, напоменува Јованоски.

Спортскиот велосипедизам е во стагнација додека расте бројот на рекреативците и граѓаните кои го користат како градско превозно средство. Претседателот на Екодром, Јованоски кажува дека многу активни млади велосипдисти се откажале од овој спорт и учество во клубовите затоа што нема финансиска поддршка од локално и државно ниво, а ни од спонзори. Велосипедистите се препуштени сами на себе како и многу други индивидуални спортови, а е под голем знак на прашање дали ќе се најде решение за подобрување на состојбите, вели Александар Јованоски од Екодром.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top