Oд ЦЈЗ,за променливата епидемиолошка состојба, велат, дека таа се должи на заболени охриѓани кои работат и живеат во Скопје, а се лекуваат во Охрид, но и на зголемениот број на домашни туристи во градот. Од центарот уверуваат дека располагаат со доволен број тестови и со медицински кадар кој може да одговори на потребите на граѓаните.
Во моментов во охридската болница на лекување се наоѓаат 50 пациенти со Ковид 19, од кои 30 се на кислородна поддршка. Податоците покажуваат дека Охрид е на врвот на листата на градови по бројот на активни случаи на инфицирани со вирусот. Од охридскиот ЦЈЗ, пак, информираат дека моменталната епидемиолошка состојба во регионов е стабилна. Намален е бројот на новозаболени лица од Ковид 19 споредено со претходните месеци, а повремено има поголем број на COVID 19 позитивни пациенти. Во писмен одговор на нашите прашања од охридскиот ЦЈЗ наведуваат дека променливата епидемиолошка состојба се должи на неколку фактори. Првиот, кој го наведуваат е дека дел од позитивните пациенти работаат, студираат или живеат во Скопје каде што се инфицираат, а матичниот лекар им е во Охрид и затоа се регистрираат како пациенти од Охрид.
Друг фактор, според ЦЈЗ , е зголемениот број на домашни туристи кои имаат станови во Охрид и престојуваат во градот за време на продолжените викенди и празници.
Уверуваат дека центарот располага со доволен број тестови иако во последниот период има поголем број на граѓани од Охрид кои се тестираат при појава на првите симптоми, а се почесто се тестираат и нивните контакти. Во ЦЈЗ Охрид дневно се тестираат од 20 до 25 лица за COVID 19 на закажани термини од матичните доктори или по епидемиолошки индикации.
Институтот за јавно здравје, денеска, информира дека во текот на минатата недела се бележи зголемување на позитивни случаи од 17,9% во однос на предходната недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, на второ место е Охрид. Во истиот период се бележи намалена смртност за 7,2% во однос на предходната недела. Во однос на возраста, 55 од починатите пациенти биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40 49 години.
Неодамна, новиот британски сој на вирусот во земјава беше изолиран кај три лица меѓу кои и кај охриѓанец, кој за жал почина од компликации од Ковид 19.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град