Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека, протестираа опозиционерите

Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери.

 |  Валентина Неловска  | 
otpor
otpor

Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери. Дојдовме  тука за да ја потсетиме јавноста за проблемот со кој се соочува општина Охрид и нејзините граѓани, а тоа е немањето  библиотека, рече пред присутните  пратеникот Митре Вељаноски.

„ Дојдовме да ја потсетиме министерката за нејзините лажни ветувања. Тоа е одлика на оваа влада во сите изминати години.  Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека. Пропаѓаат 150.000 книги сместени во пакети и на 150 метри квадратни во овој простор, книги со историско и огромно значење“, кажа Велјаноски.
библиотека
Опозиционерите најавуваат дека не застануваат туку продолжуваат со отпорот. Велјаноски потврдува дека ќе продолжат и понатака со протести  да ги потсетуваат граѓаните  на сите неостварени ветувања на власта дадени во изминативе години.

Ќе ги навестуваме и сите промашувања и сите лаги на оваа  влада која се служи сите изминати години. Затоа дојдовме пред библиотекат како еден од најсуштествените проблеми со кои  се соочува долги години и една најголемите лаги за кој министерката зборува и дава лажни ветувања дека проблемот ќе се реши во Охрид“, рече Велјаноски.

Протести ќе се одржуваат во Охрид , но и низ цела Македонија, потенцираше Велјаноски на денешниот протест. Тој најави нивна присутност пред сите државни институции со демократски и мерки и блокади, но без насилство. Ќе го креваме гласот се додека не се реши политичката криза во Република Македонија, напомена Вељаноски.

{loаdposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top