Спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе се отвара во Охрид

Спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе се отвара во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
спортска сала
спортска сала

Дисперзирана спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе се отвара во Охрид. Паралелката се планира да биде сместена во СОУ „ Ванчо Питошески“. Учениците кои не се од градот ќе бидат сместени во ученичкиот дом. Младите спортисти ќе може да се пријавуваат, да бидат надгледувани и селектирани веќе од идниот месец. Изборот на фудбалерите и ракометарите треба да заврши најдоцна до стартот на конкурсот за упис на учениците во средните училишта до 31 март 2014. Овој проект за отворање на дисперзирани спортски паралелки во средното образование за  учебната 2014/2015 година  е на Министерството за образование и наука . Зелено светло за проектот дала Владата на 22 јануари во договор со Агенцијата за спорт и млади на Р.М.   За потребите на наставниот процес ќе бидат ставени на располагање двата спортски објекти ЈП “Биљанини Извори” и спортската сала “Тодор Александров” во Велгошти.

Најавата за отварањето на спортска паралелка и изборот на ученици кои тренираат  фудбал и ракомет ги изненади спортските работници во градот од други спортски дисциплини. Меѓу нив е и професорот  и тренер на атлетскиот  клуб „ Охрид “ Влатко Димитров. Тој го поздравува проектот, но е изненаден од изборот на двете дисциплини. Јас ги ценам и почитувам сите  спортови, но атлетиката е база на сите спортови, напоменува Димитров .спортска сала

„ Ме изненади со тоа што се одредени два спорта без доволно разговори, консултации и размена на мислења  да се дојде до правата цел и резоновање на сите кои се бават со спорт и кој го разбираат спортот. Мислам дека било кој спорт да биде воведен во школата без атлетиката не може. Секаде во светот атлетиката е број еден и не случајно  е кралица на спортовите.“

Според Димитров државата мора да одреди национален спорт. Мора да се избере колективен и индивидуален спорт во кој финансиски ќе се вложува. Според него нема да има промашување во изборот кај колективните спортови тоа да биде ракометот. Во  фудбалот се потребни многу пари, вели Димитров.  Додека дека кај индивидуалните спортови акцент треба да се стави на атлетиката која во Охрид во континуитет повеќе од 3 децении е на највисоко ниво и со многу успеси, укажува Димитров. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top