Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
bot
bot

 Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води.spas

За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт и врски, доколку плажата ја стопанисува тоа министерство“, појаснува Точков.

Тимот на спасители на вода се засилува со нов стручен кадар кој ќе делува на бродот амбуланта. Сега, покрај спасителите и лекар, се агажира и психолог, открива Точков.

 „Во спаувачкиот брод ќе има тим на спасители на вода, лекар, инструктор за укажување на прва помош, и прв пат годинава ќе има и психолог, кој ќе биде задолжен за давање психолошка помош“.

Конечно, се најде соодветно место и за Центарот за безбедност на вода. Општинскиот Црвен крст, години наназад, трпеливо алармирше реално да се сфати потребата од функционирање на еден ваков центар на Охрид. Конечно, се најде локација за негово лоцирање на охридското крајбрежје. Договорено е локацијата да им ја отстапи приватен сопственик на земјиште покрај езерскиот брег. Она што изненадува е што за потребите на Центарот за вода повеќе слух имаат поединци наместо инстуциите. Истото се случи и со бродот за спасување кој го отстапи приватно лице, напоменува Точков.

Опремувањето на Центарот за безбедност на вода при Црвениот крст, повеќе од сигурно, се приближува кон европските стандарди на работење.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top