Советот на градски татковци бара решенија за економски развој на Охрид.
Денес се состана Советот на градски татковци. На работната средба ги разгледуваа развојните планови од економски и туристички апсект на градот. Локалниот економски совет на чело со градоначалникот Никола Бакарчески ќе разгледуваат повеќе точки важни за развојот на градот меѓу кои и за авто кампот Андон Дуков.
Тема на состанокот беше и изградбата на индустриската развојна зона на Мауцкер. Градоначалникот од советот на градските татковци во интерес на градот побара нивен личен придонес за изградба на долго очекуваниот пензионерскиот дом.
„ Ќе има информации од локалната самоуправа за изградба на пензионерски дом и огромнaта потреба од неговата изградба. Сакам да ги поттикнам члeновите на Советот да дејствуваат на нивните пријатели и бизнис партенри да пројават јавен интерес за градба“, рече Бакрачески.
На дневен ред беа ставени и предлози како да се рестартираат нефункционалите стопански објекти во градот за да се создадат нови работни места.
Советот на градски татковци го разгледа и воведувањето на нови чартер летови кон Охрид, состојбата со времените објекти и креирање Стратегија за економски развој на градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град