Советниците од опозицијата побараа да не се усвојува решението за зголемување на цената на водата за пиење. Градоначалникот според законските обврски мора оваа точка да ја стави пред советниците кои ќе одлучат дали ќе дадат или не согласност за промена на цената. Лично смета дека за цената на водата за пиење не треба да решава Регулаторна Комисија туку градските советници.
Советничката Гордана Коњановска од името на опозицијата во Градскиот совет очекува советниците да не дадат согласност за зголемување на цената на водата за пиење.
„Ова ЈП е пример за превработеност и едвај успева да наплати 30 проценти од побарувањата и планира вработувања за 2021 година. Се остава впечаток дека со поскапувањето на цената на водата ќе ги финансира новите вработувања, а не големите капитални проекти на ЈП“.
Градоначалникот остава на советниците дали ќе изгласаат повисока цена на водата за пиење. За ова точка на дневен ред треба да дадат или не согласност за решението на Регулаторната Комисија за зголемување на цената на водата за пиење. Должен сум да ја отпочнам постапката и да ја ставам пред советниците според Законот за водоснабдување, кажа Георгиески.
Регулаторна Комисија ќе постапи според Законот, а ние ќе ги искористиме сите можни правни лекови да ја оспориме таа одлука, кажа Градоначалникот. Регулаторната Комисија носи решение за висината на цената на вода за пиење посебно за секој град во земјава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град