Немаат законска основа за да се удоволи барањето на Регионалната занаетчиска комора. Едногласно беше усвоен ценовникот за поставување на урбана опрема за угостителите и корегиран бодот за плата во ЈП Нискоградба. На денешната седница беа едногласно усвоени и одлуки за распределба на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид. на основни училишта, јавни претпријатија и СВР.
На денешната 39-та седница охридските советници едногласно усвоија повеќе предлог одлуки и за две точки донесоа компромисни одлуки. Тие се однесуваа на барањето на РЗК И ЈП Нискоградба. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката на Вмро Дпмне да се намали комуналната такса и фирмарина за охридските занаетчии од 6000 на 4000 денари. Ова беше одлучено по консултацијата со правната служба на ЛС која констатира дека нема законска основа да се удоволи барањето на Регионалната занаетчиска комора. Кирил Пецков, координатор на пратеничката група на Вмро Дпмне, предложи, а другите советници го прифатија, поведување на иницијатива за законски измени и одвојување на занаетчиите од ДОЕЛ и ДОО да се побара од идниот парламентарен состав.
„Да потпишеме иницијатива до Советот да влезе во записник и врз одлуката како што првично стоеше да се одвојат ДОЕЛ И ДОО и вршење на занаетчиска дејност врз таа предлог одлука на РЗК со поддршка од Советото да регираме за да избориме во идниот парламентарен состав и на првата измена на законот да се имплементира намалувањето“, кажа Пецаков.
Советниците изгласаа и предлог одлука за корекција на бодот за плата во ЈП Нискоградба, која, пак предизвика забелешки кај опозицијата. Одлуката ја прифатија иако сметаат дека таа е задоцнета, ветија дека во иднина нема повеќе да поддржуваат вакви ситуации, а прашаа како вработените земале плата минатиот месец. Гоце Георгиески, претставник од ова ЈП даде појаснување за ситуацијата.
„ На одржаната седница на УО се врши корекција по сила на Законот за здравсвено и пензиско осигурување. Мораше да биде корегиран бодот за 0,3 без таа корекција и без одлука на Совет ќе требаше да се корегира платата на штета на вработените Одлучивме да се корегира во позитива , а секое позитивно решенеи може да се донесе и ретроактивно кога е во корист на вработените“, посочи Георгиески.
Едногласно беа усвоени и ценовникот за поставување на урбана опрема за угостителите и одлуките за распределба на канцелариски мебел во две Основни училишта, неколку Јавни претпријатија и СВР Охрид ,а во сопственост на општина Охрид. Усвоена беше и програма за заштита на населенето од заразни болести за 2020 година , проекти и грантови за поддршка на туризмот преку гранична соработка со соседна Грција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град