Состојбата со штетникот жолтомешка алармантна во охридските шуми

Состојбата со штетникот жолтомешка алармантна во охридските шуми.

 |  Валентина Неловска  | 
пеперутки

Молк од охридските институции дали и колку хектари од околните шуми се зафтени со штетниците жолтомешка и боров четник , тема која пред две недели ја отвори ТВМ. Иако институциите ветија дека со информации ќе излезат за 10 – тина дена по скенирањето на состојбите на терен податоци за состојбата со шумите нема. Државниот шумарски инспектор  за подетални информации не упати  во Македонски шуми и НП Галичица . При тоа не кажа дали им издал службено задолжување да направат увид на терен. Директорот на Македонски шуми не одговараше на повиците на ТВМ, додека пак, директорот на НП Галичица кажа дека е презафтен со други обврски. Од Шумарскиот факултет беа транспарентни и дадоа одговори на прашањата за тоа што се случува во шумите.
Професор д-р Стерја Начески од Шумарскиот факултет во Скопје информира дека сосотојбата со жолтомешката во охридско е алармантна. Според податоците од Центарот за известување, дијагноза ,или прогнозата во шумарството е дека во охридскиот реон од жолтомешката се нападнати од 7 до 10.000 хектари шума. Професор Начески подвлекува дека тоа се смета за среден до многу јак интензитет. Напоменува дека во Буково се зафатени околу 5000 хектари, во Караорман 1600 хектари, а исклучок  не е ни шумата во НП Галичица од каде што нема податок. Професорот  смета дека спас од жолтомешката која е дефолијатор и ги напаѓа лисјата на дабот е третирање на шумите со римон и фореи препарати кои делуваат само на ларвите и нема да дозволат да се преобразат  во пеперутки.

peperutki Според Начески најдобро е да се прска во април и мај додека ларвата е во мирување. Од Шумарскиот факултет веќе дале препораки до ресорното министерство и очекуваат владата да одобри авионско прскање.  
Професорот укажува дека во Македонија жолтомешката има нападнато околу  30.000 хектари дабова шума и тоа најмногу во југозападниот  дел од Македонија и тоа во Демирхисарско, Ресенско, Битолско и Охридско.  Што се однесува до боровиот четник состојбата не е алармантна и го има во помала мера на црниот бор, напоменува професор д-р Стерја Начески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top