Претставени ингеренциите и можностите на Охридската организација на Црвен крст при делување во заеднички активности со другите институции. Десиминацијата има за цел да ја зацврсти заедничката соработка со другите институции за добробит на граѓаните во кризни ситуации. Имаме голема лепеза на можности како поддршка за благостојба на граѓаните, посочува Весна Терзиоска, потпретседател и десиминатор на општинскиот Црвен крст.
Претставници од владини институции на локално ниво одржаа работен состанок со десиминатор од Охридската организација на Црвен крст. Беа претставени капцитетите на ОО ЦК во насока на зацврстување на заедничката соработка со другите институции во кризни ситуации. Присуствуваа вработени од Капетанија, Пожарна, Центар за управување со кризи, Општа болница и други институции на кои им беа претставени капацитетите со кои располага Општинскиот Црвен крст за идна соработка. Целта е како да ја подобриме благосостојбата на граѓаните во кризни ситуации, истакна Весна Терзиоска, потпретседател на ОО ЦК и десиминатор.
Ние и досега соработувавме, но на некој начин сакаме што повеќе да ги доближиме нашите активности и можности пред претставниците на институциите. Во ноември ќе имаме и десиминација и со нивните вработени за да се доближиме до граѓаните и да ја дадеме нашата помош и поддршка – истакна Терзиоска.
Како организација на Црвен крст постојано градиме капацитети, а најмногу сме насочени кон човечките ресурси. Имаме голема лепеза на можности кои може да ги понудиме како поддршка за благостојба на граѓаните, информира Терзиоска.
Она што можеме да го понудиме е волонтеризамот, спасителите на планина и на вода, давање на психолошко – социолошка помош како што е во ова кризно време. Поддршка на граѓаните од социјално ранливата група со неопходни продукти. Логистика во поддршка на заедничките активности со владините организации со цел се што е потребно да се спроведе за безбедноста на граѓаните – додава Терзиоска.
Ваквата соработка е резултат на заедничкиот договор на Владата и Републичкиот Црвен крст. Намерата е координирано да делуваат и да се искористат капацитетите на сите 35 општински организации на Црвениот крст во Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град