По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На шестте фестивалски вечери ќе биде промовиран светскиот и нашиот фолклор. По свеченото дефиле низ охридската чаршија, во 21 часот со целовечерен концерт фестивалот ќе го отпочне ансамблот Танец. На фестивалот покрај македонски ансамбли ќе земат учество и фолклорни ансамбли од Австрија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Турција и Бугарија.
„ Ревијално ќе се престават анасамблите од Полска, Австрија и Србија. Тоа е еден новитет на затворањето ќе има кратко преставување на ансамбли кои учествуваат на фестивалот со присуство на еден македонски ансамбл“, најави директорката на Центарот за Култура, Драгана Боцевска. Наша цел е да го промовираме фолклорот од целиот цвет, фолклорот е секогаш она што не приближува и не расположува и не навраќа на корените“, нагласува Боцевска.
Реномето на Балканскиот фестивал не е загрозено од одржувањето на бројни фестивали кои се организираат во градот, вели директорката на ЦК „Григор Прличев“, Драгана Боцевска, организатор на фестивалот.
„ Има за сите место, во светот има секакви ансамбли и тоа е добро. Секој има своја публика пред која ќе се престави. Моја заложба е да нема хаос и дуплирање на термините и да не си пречиме едни на други“, нагласува Боцеска.
Одржувањето на фестивалот е финансиски поддржано од Министерството за култура, а е под покровителство на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој на свеченото отворање ќе има и свое обраќање.
За посетителите на Балкански Фестивал на народни песни и игри влезот како и секогаш е бесплатен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град