Со еколошки практики во земјоделството во заштита на езерото

Со еколошки практики во  земјоделството во заштита на езерото.

 |  Валентина Неловска  | 

Повеќето земјоделци и овоштари не се едуцирани како да ги третираат производите и да не ја загадуваат околината. Лазо Анѓелоски од селото Горно Лакочереј, пензионер, чие хоби е овоштарството, е еден од 15 земјодлеци кои присутвуваа на едукативната работилница за примена на еколошки практитки во производството на храна. Овоштарот напоменува дека едукативните средби со еколозите и стручните лица  се корисни за нив и може многу да  научат.  Јас обрнувам внимание на заштита на еколошката средина  и не форсирам  употреба на сите препарати кои се препорачуваат, вели Анѓелоски.

„ Не мора да се форсира со употреба на хемикалии и други средства туку да се искористат искуствата и да се применува секоја наредна година. Моите овошки ги прскав  6 пати и во јуни престанав за да добијат квалитетни плодови и сам го конзумирам и не сакам да конзумирам третиран плод. Некои овоштари третираат пред самата берба што  не е допуштено и не треба да се прави туку да се следат современите согледување од институциите, стручните лица и ваквите едукативни средби,“напоменува Анѓелоски.

ЕД Грашница организира вакви работилници за да се поттикне интересот и залагањето на земјоделците од регионов за примена на еколошки практики при производството на земјоделските продукти. Ѓоко Зороски од ЕД Грашница вели целта  е да се опфати сливното подрачје на Охридското езеро од понатамошно загадување.

„ Целта на работилницата е да ги насочиме кон поеколошко и поодговорно производатво сите сме поврзани во сливот на Охридското езеро. Водите со кои располагаме се ограничен ресурс исто така и почвите кои се предмет на загадување“, кажува  Зороски.

Од прва рака информации за правилно да ги користат агрохемикалиите во земјоделството добија од  дип. Агроном Мирослав Трајчески.Тој  ги едуцираше   земјодеците како со знаење да го намалат нивниот удел во загадување на природата.  

“Денес ќе се задржиме на правилната употреба на средствата за заштита на растенијата , првилната употреба на ѓубривото, како исхрана на растенијата, и некој алтернативни  начини   на прозиводство и органски производи кои придонесуваат за намалување на загадувањето на приордата“, посочува Трајчески.

Работилницата која ја организира ЕД Грашница се одржува  во рамките на проектот Македонска рурална мрежа. Слична  едукативан работилница наскоро се планира да се одржи и за струшките земјоделци.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top