• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со бродската линија Охрид – Поградец за две година во летната сезона патувале околу 3000 патници

Со бродската линија Охрид – Поградец за две година во летната сезона патувале околу 3000 патници

Со бродската линија Охрид – Поградец  за две година во летната  сезона патувале околу 3000 патници.

 |  Валентина Неловска  | 
линија

линијаБродовите на релација  Охрид- Поградец наскор ќе пловат со отварење на привремениот граничен премин кај Св Наум. Сите охридски бродови се подготвени и технички исправни за стратот на новата сезона. Бродовите  имаат одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на  Капетанија на пристаништата-Охрид. Капетаното напоменува дека двегодишното искуството од возењето на бродската линија на ова релација покажува дека е најатрактивна за странците, а помалку привлечна за охриѓани.

„ Првата година да,  втората помалку. За македонците од дијаспората да , а линијата  е најмногу искористена од странските туристите и е вметната  како нешто многу поразлично од досега што постои на Охридското езеро“ , вели Устијаноски.

бродПатувањето со брод од Охрид до Поградец со вклучени бирократски формалности трае два часа. Гранични проверки на патниците има кај Св. Наум и во Поградец ,а проверката на патниците на двете страни трае од  15 до 20 минути, вели Устијаноски.

„ Царинските и граничните формалности се сведени на минимум. Се штеди времето и на бродовите и на патниците. Со мала бирократска процедура со контрола на списоците која е задолжителна процедура која мора  да се испочитува  за контрола на патниците“, појаснува капетанот.   

За две години со бродската линија Охрид – Поградец патувале околу 3000 патници. На оваа меѓународна линија пловат четири  охридки бродови три со капацитет од по 150 патници, а еден од 80 еднаш во неделата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top