• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со близу 58 милиони денари ќе се задолжува општина Охрид за реконструкција на две улици

Со близу 58 милиони денари ќе се задолжува општина Охрид за реконструкција на две улици

Општината ќе аплицира со проект до Министерството за финансии за да ги добие наменските средства од Светска банка. Советниците едногласни за  предлог одлуката за  долгорочно домашно задолжување е со кое ќе се реконструираат двете улици.  

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид планира да се задолжи со околу 58 милиони денари за реконструкција на улиците Гоце Делчев и 7-ми Ноември. Советниците беа едногласни по предлог одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2. Оваа точка беше единствена на дневен ред на денешната 49 -та седница на Советот. Даниела Мартиноска Којчиноска, овластениот претставник од стручната адмистрација, даде подетални објаснувања за проектот. Се работи за проект кој ќе го реализира Министерството за финансии со заем преку Меѓународната развојна банка и Светска банка.

„Повикот беше објавен пред една недела. Ние во понделникот го добивме повикот за неколку дена ја подготвивме апликацијата и денес со одлуката на совет за учество ќе ја пратиме документацијата во Министерството за финансии. Комплетно е подготвена. Техничката документација за двете улици имаме комплетна освен за Гоце Делчев каде што одобрението за градба е веќе во тек. Според нивните барања и стандарди ги имаме сите документи и Елаборати од животна средина“.

Присуството на сите советници на седницата покажува дека сите даваат поддршка на вакви одлуки кои ќе значат задолжување на општината, но и реализација на проекти кои се од важност за огромен број на граѓани кои живеат на тие улици , кажа Гордана Коњаноска советник од редовите на Вмро Дпмне.

„ Апсолутно ќе ја поддржиме одлуката. Охрид нема друга можност освен да се задолжува за вакви големи инфраструктурни проекти за жал сме сеуште со блокирана сметка и зад нас е голем долг. Сервисот кон граѓаните мора да се реализира и ако е тоа овој начин ќе е поддржан.“

Повикот на Министерството за финансии ќе трае до 15 октомври. Колку побрзо аплицира општината толку повеќе се зголемува можноста да го добиеме проектот. Затоа и седницата на Советот на општина Охрид беше свикани надвор од деловничките рокови за работа за да има поголема можност за добивање на средствата за реконструкција на Гоце Делчев и 7-ми Ноември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top