Слободната економска зона на Мауцкер привлечна за локални компании

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Советникот од опозицијата од редовите на СДСМ,  Јован Стојаноски се интересираше за економските услови и живеење во Охрид. Упати прашања до градоначалникот Никола Бакрачески  како општина Охрид ќе ги  враќа 127 милиони денари добиени како кредит од меѓународните банкарски институции. Стојаноски побара одговор и за  висината на каматната стапка за  кредитното задолжување. Се интересираше дали во Лексоец ќе се гради слободна еконоска зона  каде што првично беше најавувана изградбата.  
sedmica
„Во изборната програма стоеше дека во 2014 година ќе биде изградена економската зона на потегот после село Лескоец, а сега има најави за Мауцкер. До ден денес нема конкретни инвеститори и конкретни активности кој ќе значат заживување на економскиот живот во Охрид“, напомена Стојаноски.

Градоначалникот Бакрачески кажа дека кредитот е добиен преку Министерството за финансии од Меѓународната банка за обнова и развој и Светска Банка според изработени проекти. Од кредитното задолжување се очекува индиректен бенефит од инвестирање во инфраструктурата и купување на механизација за потребите  на комуналното јавно претрпијатие, а  кредитното задолжување е со најповолна каматна стапка од 2 посто, рече градоначалникот.

sednica Сите инвестициски зафати предвидени со овој  кредит индиректно се подобрување на  хигиената на градот, хортикултруно уредување со примарни зафати на завршување на инфртсруктруните зафати на сообраќајници и улици ќе генерираат поголема успешност на  локалните компании во делот на бизнисот, а секако и во  делот на туризмот кои индиректно би носеле финансиски бенефит“, напомена Бакрачески.  

За изградбата на слободната економска  зона градоначалникот потенцираше  дека нема да се гради како што било планирано во Лескоец туку на Муцкер. Промената следувала заради тоа што површината од 30 хектари каде што се планирала првично изградбата на слободната економска зона била во приватна сопственост. Доколку општината не беше во голем долг земјиштето ќе се одземеше со експропријација и таа ќе се изградеше. Па така, сега  наместо кај Лескоец  економската зона ќе се развива на  Мауцкер, посочи градоначалникот Бакрачески. Кажа дека   интерес  за Мауцкер пројавиле  повеќе локални компании  за изградба на свои производствени капацитети. Но, при тоа  не посочи кои и со каков вид на производство се занимаваат заинтересираните компании.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top