Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците

Во последните пет години во охридско варира процентот на заболувања на деформитети на рбетниот столб кај учениците. Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците, додека кифозите и лордозите се дијагностицирани во најголем процент кај средношколци и студенти. Женските деца се најпогодени од деформитетите на рбетниот систем.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските основци и понатака се загрозени од деформитети на рбетниот столб. Сколиоза, кифоза , лордоза и понатака се најчести болести кои го напаѓаат мускулно скелетниот систем кај учениците. Сколиозата е на врвот меѓу најчестите заболувања на рбетниот систем кај основците. Статистичките податоци од охридскиот Центар за јавно здравје споредени за 2013 и 2018 година покажуваат дека од сколиоза најчесто страдаат школските деца, информира д-р Даниела Чинговска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.

„ Сколиозата е заболување кое во најголем процент околу 63 ,7 посто во 2013 се јавувала кај деца од 7 до 14 години. Помеѓу тие деца биле зафатени деца од 10 до 14 годишна возраст околу 53 посто. Во 2018 уште повеќе се зголемил процентот. 70,4 посто од сите регистрирани случаи на сколиоза кај учениците се регистрирани кај возрасната група од 7 до 14 години“, напоменува д-р Чингоска.

Додека кифозите и лордозите биле дијагностицирани во најголем процент кај средношколци и студенти. Во 2108 година биле дијагностицирани 70 посто кај деца над 14 годишна возраст. Статистичките податоци укажуваат дека женските деца се најпогодени од деформитетите на рбетниот систем.

„Женските деца се повеќе погодени од дорсопатии од машките деца. Во 2013 64,5 посто од сите дијагнсотицирани случаи со сколиоза биле деца од женски пол. Овој процент се намалил во 2018, но повтроно доминираат женските деца со сколиоза. Кифозите и лордозите, пак 61,3 посто од случаите биле дијагностицирани кај машките деца во 2013 , но во 2018 оваа состојба се менува и преовладуваат женските деца со дијагностицирани кифози и лордози “, кажува д-р Чингоска.

За појава на деформитетите на рбетот постојат повеќе причини меѓу кои најчесто данокот го зема современиот начин на живеење, лошото држење на телото, физичка неактивност и појава на гојазност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top